21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Вардар славеше над Нексе

СЕХА: Вардар славеше над Нексе

сеха-вардар

Ракометарите на Вардар ја забележаа третата победа во регионалната СЕХА лига, откако на домашен терен славеа над Нексе со 31:28 (13:10).

Нексе му пружи добар отпор на фаворитот не само на овој меч туку и за освојување на титулата во ова натпреварување.

Хрватскиот тим во 22.минута водеше со 8:10, но до крајот на полувремето одбраната на Вардар предводена од Штербик не прими ниту еден гол, а постигна пет за 13:10 по 30 минути игра.

Вардар во второто полувреме ја одржуваше предноста која во 40.минута изнесуваше максимални шест гола (19:13). До крајот на мечот играчите на Нексе успеаја само да ја преполоват таа негатива.

Штербик со 17 одбрани го предводеше Вардар, во чии редови со по четири гола најефикасни беа Лацковиќ, Карачиќ, Дибиров, Шишкарев и Горбок. Кај Нексе со по пет гола се истакнаа Халилковиќ и Нуиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП