17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед и Баерн ja кријат вистината за Швајни

Манчестер Јунајтед и Баерн ja кријат вистината за Швајни

basti 33

Германскиот аматерски клуб Розенхајм 1860 ги негираше неодамнешните информации за прикривање на вистинската вредност на трансфер на Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен во Манчестер Јунајтед.

Медиумите во Германија соопштија дека сумата била 15 милиони фунти, но во реалноста се покажа дека таа е далеку помала – 6,5 милиони фунти. Официјално, сепак, ниту еден од двата клуба не сакаше да ја објави точната вредност.

Нисколигашот Розенхајм е клубот во кој Швајнштајгер играше пред да премине во редовите на „баварците“. Тимот располага со официјалните податоци за зделката, бидејќи и тој добива процент од трансферната сума, за двете години на Бастијан поминати таму, добиената сума е 38.000 евра.

Уште пред неколку недели „Bild“ информираше дека точните бројки се скриени, а како повод за тоа го посочи незадоволството на навивачите на Баерн. Реакцијата на приврзаниците за разделбата со фудбалерот беше остра, но солидна сума за играч на таа возраст беше донекаде добра за да се смират страстите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП