26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКовач повеќе не е селектор на Хрватска

Ковач повеќе не е селектор на Хрватска

niko-kovach

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска едногласно одлучил да го смени селекторот на А репрезентацијата, Нико Ковач.

Ковач доби отказ поради лошите резултати во квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција. Незадоволството на фудбалската јавност кулминираше по нерешениот резултат на Хрватска во Азербејџан (0:0) и поразот во Норвешка (2:0).

Хрватите на две кола до крајот на квалификацискиот циклус се наоѓаат на третото место во Х групата со 15 бодови, еден помалку од Норвешка и три од лидерот Италија. Во последните две кола Хрватска ќе ја пречека Бугарија, а потоа ќе гостува на Малта.

Нико Ковач во октомври 2013 година на селекторската функција го наследи Игор Штимац, избори пласман на СП во Бразил каде Хрватска во конкуренција на Бразил, Мексико и Камерун не успеа да ја мине првата фаза.

Според шпекулациите на хрватските медиуми наследник на Ковач ќе биде Анте Чачиќ тренерот на Локомотива од Загреб.

Името на новиот селектор Фудбалскиот сојуз на Хрватска ќе го соопшти на 21-ви септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП