10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Серена го доби сестринското четвртфинале

УС Опен: Серена го доби сестринското четвртфинале

sere venus

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс ја победи својата сестра Венус во четвртфиналето на УС Опен. Серена ја запиша 16-та победа во 27-от дуел со својата сестра и сега уште две победи ја делат од освојување на сите четири Грен слем турнири во една сезона.

Мечот помеѓу сестрите Вилијамс траеше еден час и 41 минута, а помладата победи со 6:2, 1:6, 6:3.

На патот до финалето на Серена и стои Италијанката Роберта Винчи против која има победи во сите четири досегашни мечеви.

Винчи до успехот на кариерата стигна преку Французинката Кристина Младановиќ, над која славеше по голема борба во три сета 6:3, 5:7, 6:4.

Втората полуфинална двојка во женска конкуренција ќе биде формирана во среда по одигрувањето на мечевите помеѓу Петра Квитова и Флавија Пенета, односно Викторија Азаренка и Симона Халеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП