18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалинари и Белинели ја победија Шпанија

Галинари и Белинели ја победија Шпанија

галинари-белинели

Кошаркарите на Италија ја совладаа Шпанија со 105:98, во третото коло на Европското првенство. Претходно во оваа Б група Србија славеше над Исланд со 93:64, а Турција ја победи Германија со 80:75.

Италија нешто подобро влезе во мечот, но во првото полувреме ниту една репрезентација не успеа да создаде некоја посериозна предност. Италија успеа да се ‘одлепи’ на двоцифрена предност во третиот период и од тој момент максимално го контролираше резултатот.

Секогаш кога Шпанците ќе ја загрозеа предноста на Италијаните, Глинари и Белинели ја враќаа двоцифрената предност.

НБА триото на Италија го предводеше тимот до победата: Галинари 29, поени, осум скока, шест асистенции, Белинели 27 поени, седум асистенции и Барњани 18 поени.

Шпанците го имаа само Пау Гасол (34 поени, 10 скока) и тоа е причината за нивниот пораз.

Во Б групата лидер е Србија со шест бодови, по пет имаат Турција и Италија, Шпанија и Германија имаат по четири, а Исланд е без бодови.

Во среда во оваа група ќе се одиграат натпреварите Турција-Србија, Италија-Германија и Шпанија-Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП