18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕдно полувреме недоволно за победа над Хрватска

Едно полувреме недоволно за победа над Хрватска

косарка-мак-хрватска

Македонија загуби од Хрватска со 55:73 (18:15, 14:15, 10:22, 13:21) во третото коло на Европското првенство.

Македонската репрезентација против домаќинот одигра брилијантно прво и катастрофално второ полувреме.

Почетната предност на Хрватите во првите три минути од 2:7, Македонија ја анулира со серија од 13:2. Во таа серија Дамјан Стојановски постигна две тројки, Илиевски една, а Самарџиски врза четири поени.

Македонија го диктираше ритамот во првиот дел, во дефанзивата високите играчи навремено превземаа и го контролираа скокот, додека нападот беше трпелив и течен, а реализацијата одлична.

Предноста на полувреме на Македонија изнесуваше два поени 32:30, само благодарение на тоа што Хрватска влезе во ритамот кој го наметна Македонија.

Сликата на теренот целосно се смени по 24.минута, Хрватите заиграа поангажирано во одбраната, во нападот ги сведоа техничките грешки на минимум до 30.минута направија серија од 4:18, стигнаа до предност од 42:52 која ‘црвено-жолтите’ повеќе не можеа да ја нападнат.

Добрата трета четвртина дополително го крена моралот кај Хрватите кои во 37.минута стигнаа и до максимални 20 поени предност (49:69).

Самарџиски со 10 поени беше единствениот играч со двоцифрен број на поени кај Македонија, по девет уфрлија браќата Стојановски, додека Хендрикс мечот го заврши без постигнат кош.

Хрватска до победата ја предводеше Шариќ со 15 поени, а два помалку уфрли Богдановиќ.

Македонија, во среда, го игра клучниот натпревар за понатамошен пласман, од 18 часот противник на ‘црвено-жолтите’ ќе биде Грузија која по три кола нема победа во групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП