16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕуробаскет: Србија и Грција веќе се во втората фаза

Еуробаскет: Србија и Грција веќе се во втората фаза

kosasasa

Репрезентациите на Србија од групата Б и Грција од Ц групата веќе изборија пласман во втората фаза на 40-то Европско првенство. Овие две селекции по три одиграни наторевари во своите групи имаат по три победи.

Србија го декласираше Исланд со 93:64. селекторот на Србија на овој меч им пружи шанса на сите играли, најмалку играа носителите на играта и сите забележаа најмалку по еден поен. Недовиќ со 15 и Радуљица со 13 поени беа најефикасни кај Србија, додека Исланѓанецот Гунарсон со 18 поени беше најефикасен на мечот.

Турција во оваа група запиша значајна победа над домаќинот во Б групата Германија со 80:75. Турците одиграа перфектна прва четвртина во која постигнаа 31, а примија само 11 поени и практично тогаш го решија натпреварот. Германците во последната четвртина стигна до негатива од пет поени, но немаа ниту сили, ниту време да направат пресврт.

Чеди Осман, момчето кое потекнува од Охрид со 17 поени ја предводеше Турција, а Семих Ерден имаше 16 поени 9 скока. Денис Шредер со 24 поени беше најефикасен кај Германија.

Во Ц групата Грција лесно се справи со Грузија и славеше со 79:68, иако во текот на мечот имаше и повеќе од 20 поени предност. Калатес беше најефикасен во грчкиот тим, а Шенгелија со 20 поени ја предводеше Грузија.

Словенија стигна до втората победа во групата Ц, откако триумфираше над Холандија со 81:74. Словенците стекнаа двоцифрена предност, но на почетокот од второот полувреме Холанѓаните со серија од 12 поени се вратија во мечот, но немаа искуство да нарават пресврт.

Препелич постигна 16 поени за Словенија, а Клоф со 25 кошеви ја предводеше Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП