2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛазар Лечиќ добитник на државната награда „8 Септември“

Лазар Лечиќ добитник на државната награда „8 Септември“

lazar-lecic

Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда, е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело за 2015 година во областа на спортот.

Останати добитници, на државната награда „8 Септември“ се алпинистот Здравко Дејановиќ, Димче Кичевски, доајен во карате, кој е одликуван постхумно, Руждија Калач успешен боксер, тренер и селектор, како и Љупчо Стојчевски тренер, селектор и меѓународен судија во кик бокс.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасоски на доделувањето на високото државно признание во Собранието на Република Македонија истакна дека на овој голем ден каков што е денешниот се оддава признание на луѓе кои преку спортот на најдобар можен начин ја промовираат нашата држава на меѓународен план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП