11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимовски нов селектор на ракометарките

Симовски нов селектор на ракометарките

simovski 2002

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) едногласно го усвои предлогот на тричлената комисија за избор на селектор на женската сениорска репрезентација и на позицијата го назначи Симе Симовски.

Симе Симовски на позицијата селектор доаѓа како наследник на Ристо Магдинчев, односно Благојче Весиќ кој во меѓувреме ја извршуваше функцијата како ВД селектор.

Својот деби настап како селектор на сениорките, Симовски ќе го забележи веќе наредниот месец на претстојните квалификации за Европското Првенство, каде Македонија е во група со Црна Гора, Хрватска и Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП