Капитенот на кошаркарската репрезентација на Италија, Луиџи Датоме, поради повреда ќе ги пропушти преостанатите три средби кои Италија ќе ги одигра во Б групата на Европското првенство.
Крилниот играч на Фенербахче нема да биде во тимот на натпреварите кои Италија ќе ги одигра против Шпанија, Германија и Србија, тој се повредил на мечот со Исланд во неделата, на кој Италија победи со 71:64.
Датоме би можел да се врати во тимот за натпреварите од фтората фаза, кои ќе се играат во Лил, доколку Италија ја мине Б групата.
Италија по две кола имаат победа и пораз, а на тие две средби Датоме имал учинок од седум поени, три скока и една асисатенција.