15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса во потрага по замена на Педро

Барса во потрага по замена на Педро

navas555

Раководството на европскиот шампион Барселона веќе состави листа од четири играчи, кои ќе учествуваат во „кастингот“ за пополнување на местото кое е испразнето по заминувањето на Педро, објави весникот „Ел Мундо Депортиво“.

Најпознатото име меѓу зацртаните е Хесус Навас од Манчестер Сити, кој најверојатно ќе има многу потешкотии да се избори за место во првиот тим поради привлекувањето на Кевин де Бруин од Волфсбург.

Неговата цена според „трансфермаркт“ е 20 милиони евра, истата сума која и беше платена на Севиља за него во 2013-та година.

Меѓу останатите е и десното крило на Лацио, Антонио Кандрева – италијански репрезентативец, чија цена се зголеми, па во моментов чини 27 милиони евра. Во листата е и голгетерот на Селта, Нолито, кој може да игра и како двата крило и кој чини само 10 милиони евра.

Како последен е запишано крилото на Реал Сосиедад, Карлос Вела, кој своевремено помина 6 години во Арсенал, но настапи на 3 првенствени натпревари, а сега чини 18 милиони евра.

И четворицата се избрани од тренерот Луис Енрике. Отворањето на зимскиот трансфер прозорец се совпаѓа со истекот на казната наметната на клубот од ФИФА за прекршоци при привлекувањето на млади фудбалери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП