27 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 07.09.2015 до 13.09.2015

Неделен хороскоп – 07.09.2015 до 13.09.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Патувањето на Венера преку Лав ќе ви даде прилика да се покажете во поинакво светло. Сепак нема да оди се така лесно. Ќе морае силно да се потрудите за да го исполните тоа што го сакате.

РАБОТА: Деловната ситуација оваа недела ќе биде поволна, но не баш сјајна. Одлични изгледи им се препишувааат на лицата кои се занимаваат со мода и уметност. Внимавајте на финансиите.

ЗДРАВЈЕ: Треба малку повеќе да се движите и да ја поправите кондицијата.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Бројни случувања, неочекуван пресврт и моменти за паметење. Ситуацијата на љубовното поле ќе ве остави неколку ноќи будни. Ќе чувствувате голема возбуденост и среќа.

РАБОТА: Интелектуално ќе бидете многу силни. Во односите со другите ќе морате малку да внимавате бидејќи вашата голема енергија можеби нема да им се допадне на сите. Ве очекува период на работа и напор.

ЗДРАВЈЕ: Полни сте со позитивна енергија, па така и здравјето ќе ви биде одлично.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: На почетокот на неделата можно е да имате несогласувања со партнерот, особено кога станува збор за вашата иднина. Ќе морате да бидете малку потрпеливи и да попуштите. Ако сте слободни, оваа недела имате интересна шанса со една Шкорпија.

РАБОТА: Работата силно ќе ве оптерети. Ќе имате премногу обврски, а никој нема да ви помогне. Не се нервирајте, завршете ги постепено сите задачи. Останете смирени, бидејќи сето ова ќе помине на половината од неделата.

ЗДРАВЈЕ: Намалете ја нервозата и се ке биде во ред.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Почетокот на неделата ви носи зголемено разбирање меѓу вас и партнерот. Време е малку да се опуштите и да му се посветите на вашиот дом, семејството и она шо го сакате. Заборавете на лошите нешта кои се случуваат околу вас.

РАБОТА: Оваа недела ви носи добри деловни вести поврзани за некои недвижнини и поголем имот. Големата планетарна активност на Девицата во Лав малку ќе ве збуни, но тоа не е важно. Опуштете се и сработете ја вашата работа најдобро што можете.

ЗДРАВЈЕ: Посветете си малку повеќе време на себе и своето тело.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Би можеле да добиете интересна и неочекувана понуда на љубовното поле, но со Венера во вашиот знак најдобро е да внимавате што правите, бидејќи ќе бидете прилично жестоки.

РАБОТА: Финансиите не ви се најсигурни, особено не оние кои зависат само од вас. Финансиското поле е проблематично, па затоа немојте да се занимавате со потпишување на некои договори. Одморете малку и размислете како да ја поправите таа ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Помалку алкохол, повеќе здрава исхрана.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Изгледа на вас повторно ви е пролет. Имате огромна енергија. Јупитер среќната планета се врати во одличен аспект и таму ќе остане подолго време, а на вас ви носи се што можете да замислите, без оглед дали е деловно или приватно.

РАБОТА: Имате енергија која не ја очекувавте и сега сакате се да завршите наеднаш. Не претерувајте и не си дозволувајте целото слободно време да го поминете на работа. Уживајте малку.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Потребно е да воведете малку ред во односите со семејството бидејќи во спротивно ќе дојде до големо незадоволство. Односите со саканото лице се релативно добри, внимавајте да не го префрлате стресот врз партнерот.

РАБОТА: Пред вас се неколу интересни понуди на деловен план. Внимавајте само да не стане се премногу приватно. Комуникацијата ви е на завидно ниво па нема да имате поголеми проблеми бидејќи се ќе решавате на дипломатски начин.

ЗДРАВЈЕ: Ќе морате малку да внимавате на исхраната и да го намалите внесувањето на алкохол.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Марс и Венера ви носат многу интензивни сучувања во животот. Ќе бидете подготвени да преземете иницијатива во животот. Ве очекува чекор кој ќе ја зајакне вашата љубовна врска.

РАБОТА: Почетокот на неделата ќе биде одличен и се ќе се движи според вашите планови. Особено поволна ќе биде ситуацијата со некои планирани недвижнини. Крајот на неделата ќе ви донесе некои интересни пресврти.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на хроничните болести.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Марс и Венера ви носат многу интензивни случувања во животот, особено поврзани со љубовниот живот. Бидете подготвени да преземете иницијатива. Ве очекува чекор кој ќе ја зајакне вашата врска.

РАБОТА: Почетокот на неделата ќе биде прилично позитивен. Ќе имате голем број на обврски па нема да можете да си дозволите одмор. Венера која влегува во Девица ќе ви покаже дека во деловниот живот особено е важна приватноста и професионалноста.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на стресот. Можно е да ви донесе проблеми со желудникот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Венера во Лав ви носи интересен социјален живот, но ќе морате малку да внимавате за да не ги помешате приватниот и деловниот живот. Кога станува збор за партнерот, избегнувајте ги лагите и манипулациите.

РАБОТА: Сатурн кој поминува низ лош аспект ви носи зголемен обем на работа, па можно е да се почувствувате како единствена личност која работи. Меркур ви носи одлични прилики за кои ви се потребни паметни потези за да ги искористите.

ЗДРАВЈЕ: Движете се повеќе.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Променлив период во кој ќе имате измешани чувства за блиските лица. Доколку сакате нешто друго од нив, слободно кажете им го тоа преку искрен разговор. Не е добро да молчите доколку сте незадоволни од нечии постапки.

РАБОТА: Одличен период во кој сите обврски ќе ги завршите пред рокот, па ќе имате слободно време и за приватниот живот. Уживајте во пофалбите кои пристигнуваат на ваша адреса. Ќе потпишете некој договор кој во прво време нема да ви изгледа како позитивен, но подоцна ќе ви донесе многу повеќе средства.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Сакате да учествувате во семејните планови, но некако изморени стоите на страна. Партнерот има трпение и ве поддржува. Не навлегувајте во кавги со семејството и пријателите, потребно е да го поправите социјалниот живот.

РАБОТА: Зголемениот број на обврски нема да ви дозволи да скршнете од работното место. Ќе сакате да се одморите но работните задачи нема да ви го дозволат тоа. Претстои  бурен период, кој при крајот на оваа недела најверојатно ќе заврши.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП