21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИсланд го слави пласманот на ЕП

Исланд го слави пласманот на ЕП

Iceland

Фудбалската репрезентација на Исланд прв пат во историјата обезбеди учество на Европското првенство. Земјата која има нешто повеќе од 300.000 жители зад себе во квалификациската група ги остави Турција и Холандија, да се борат за пласман во баражот, а од оваа група пласман на ЕП избори и Чешка.

Исланд, во рамките на осмото коло во А групата, одигра 0:0 со Казахстан и го задржа првото место во групата, а воедно на две кола до крајот заедно со Чешка обезбеди место на континеталното првенство, кое ќе се одржи наредната година во Франција.

„Неверојатно, јас сум шокиран. Работевме напорно за да ја оствариме оваа цел. Ние сме првата репрезенатција од Исланд која избори пласман на ЕП во фудбал. Не можев да сонувам дека ќе ми се случи вакво нешто кога ја започнував кариерата“, рекол капитенот на тимот 26-годишниот играч на Кардиф, Арон Гунарсон.

Исланд од клупата го предводи селекторската двојка Ларс Лагербек и Хеимир Халгримсон.

„Беше голем успех кога со Шведска се пласирав на ЕП, но ова е нешто посебно. Горд сум на тимот, а чувствувам дека е горда и целата нација. Не би рекол дека јас сум херој, луѓето како Нелсон Мендела и Мартин Лутер Кинг се херои, јас сум само фудбалски тренер. Ова е одлична група на фудбалери, заслужија да играат на ЕП“, изјавил Швеѓанецот Лагербек.

Исланд е стана земјата со најмал број на жители која ќе игра на едно ЕП, претходно тоа беше Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП