10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена против Венус во четвртфиналето на УС Опен

Серена против Венус во четвртфиналето на УС Опен

sis vilijams

Сестрите Вилијамс во меѓусебен дуел ќе решаваат која од нив ќе игра во полуфиналето на УС Опен, откако забележаа убедливи победи во четвртфиналето.

Бранителката на титулата Серена го одигра својот најдобар меч во досегашниот дел од турнирот и во два сета (6:3, 6:3) славеше против сонародничката Медисон Киз. Венус беше убедлива против 18-годишната Анет Контавејт со 6:2, 6:1 и се избори за своето прво четвртфинале на УС Опен уште од 2010 година.

Сестрите Вилијамс во четвртфиналето на УС Опен ќе го имаат својот 27-ми меѓусебен дуел, во победи со 15-11 води помладата Серена.

Пласман во четвртфиналето без борба избори Италијанката Роберта Винчи, откако Јуџини Бушар го предаде мечот. Имено, во соблекувалната Бушар паднала и ја повредила главата поради што морала да го предаде мечот.

Винчи во четвртфиналето ќе игра против Кристина Младеновиќ која со 7:6, 4:6, 6:1 ја совлада Русинката Екатерина Макарова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП