26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 07.09.2015

Дневен хороскоп 07.09.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Расположението почнува да ви се подобрува. Свесни сте на своите квалитети и на она што можете да го дадете. Имате зголемена потреба од љубов и барате личност на која можете да бидете горди и на која сите ќе ви завидуваат. Доколку сте слободни, денес ќе воспоставите комуникација со личност која се однесува токму онака како што вие сакате. Бидете претпазливи. Може да се случи тоа да биде само ваша проекција.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку се занимавате со јавна работа, денес може да дојде до недоразбирање со една личност со која соработувате. Вие сте премногу сигурни во себе и во своите идеи и поради тоа немате намера да отстапите. Меѓутоа, тоа недоразбирање може да ви создаде емотивни проблеми. Најдете начин да се заштитите од разочарувањата. Ако сте невработени, можно е да добиете шанса за вработување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате зголемена енергија и потреба да направите нешто што ќе ви го подобри стандардот. За сега само планирате и ја одложувате акцијата за некои идни времиња. Денес е можен краток пат кој ќе ви донесе некои нови можности. Ако сте осамени можна е ненадејна средба со личност родена во знакот на Лав или во знакот на Вага.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Парите многу добро ќе се вклопат во вашите планови околу домот. Имате многу добри идеи и време е да почнете да ги спроведувате. Размислете околу финансиската конструкција. Во моментов имате мегаломански идеи кои чинат многу пари. Можеби ќе треба малку да ги намалите апетитите. Партнерските односи ви се добри, но партнерот има потреба да се докажува преку вашиот грб.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е во текот на денот да добиете покана за разговор од постара личност. Таа ќе ви предложи нешто ново што може да ги зголеми вашите финансии. Меѓутоа, вие знаете дека е време малку да запрете со амбициозните планови. Во животот постои и нешто друго освен работата.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес е можно да добиете признание од една постара личност или институција што ќе ви отвори многу врати. Ќе бидете многу горди на себе и ќе имате право поради тоа. Премногу тешко работевте во изминатиот период и време е за жетва. Партнерот се обидува да ве спушти на земја со своите логички размислувања. Не дозволувајте му да ве критикува.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес е можен договор во врска со работата. Понудата која ќе ја добиете преку еден пријател на партнерот ќе биде многу добра и ќе реши многу проблеми. Ако сте осамени очекувајте глас од една личност од минатото. Неговите мотиви се нејасни и затоа причекајте пред повторно да му ја дадете својата доверба.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Почнуваат да ви се случуваат работи и станувате горди сами на себе. Освен зголемената потреба да го смените надворешниот изглед и да блеснете, имате и потреба да се докажете во однос на работата. Егото ви се зголемува и самоувереноста расте. Денес е можен договор во заден момент. Договорот ќе смени многу работи во однос на вашата работа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Помошта која ја очекувате од пријателите ќе дојде во последен час. Ако сте невработени, денес е можен ненадеен повик на разговор. Одговорот во врска со работата ќе го чекате подолго време, но не очајувајте, на крајот ќе биде онака како што сакате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако се занимавате со трговија или работите во козметичката индустрија, очекувајте убав и успешен ден. Работата ќе почне да ви се зголемува, дури ќе почнете да размислувате да побарате помош. Ако сте во брак време е за разговор со партнерот. Доколку не го сторите тоа, може да направите грешка и патот да ве однесе на друга страна. Тајните врски се примамливи, но не се решение.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Опкружувањето смета дека подготвувате нешто таинствено и затоа сте тивки и повлечени. Преиспитувањето може многу да ви донесе, но може и да ви одземе. Најдобро е да почнете да ја планирате иднината, без да се навраќате на грешките што сте ги направиле. Време е да се опуштите и малку да ги забавите амбициозните планови.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Финансиската ситуација ви е стабилна и во наредните денови ќе му се посветите на домот. Доколку планирате реновирање време е да почнете со подготовките. Помошта што ја баравте од еден пријател се уште е без конкретен одговор, но во наредните денови очекувајте да пристигне. Партнерот има преголеми барања од вас и многу често ги менува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП