11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен, четвртфинале: Чилиќ-Цонга, Ѓоковиќ-Лопез

УС Опен, четвртфинале: Чилиќ-Цонга, Ѓоковиќ-Лопез

us open 00

Марин Чилиќ-Жо Вилфред Цонга и Новак Ѓоковиќ-Фелисијано Лопез се првите две четвртфинални двојки на УС Опен.

Бранителот на титулата во Њујорк, Чилиќ во осминафиналето славеше над Жереми Шарди од Франција со 3:1 (6:3, 2:6, 7:6, 6:1).

Цонга изненадувачки лесно се справи со Беноа Пер и во три сета избори пласман во четвртфиналето. Цонга во секој сет направи по еден брејк за вкупна победа од 6:4, 6:3, 6:4.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ го загуби првиот сет на турнирот, но успеа да слави над Роберто Баутиста-Агут (6:3, 4:6, 6:4, 6:3). Србинот имаше проблеми со леќите, но успеа да слави над Агут, кој на момети играше брлијантен тенис.

На патот до полуфиналето Ѓоковиќ го чека уште еден меч со шпански тенисер. Фелисјано Лопез славеше над Фабио Фоњини со 6:3, 7:6, 6:1 и се избори за своето прво четвртфинале во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП