17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕуробаскет: Бјелица го замолкна Берлин, Грците го шокираа Загреб

Еуробаскет: Бјелица го замолкна Берлин, Грците го шокираа Загреб

basket-kompletirano-kolo

Комплетирано е второто коло на 40-то Европско првенство во кошарка. Вториот ден на Еуробаскетот ја донесе првата победа на Македонија и драматични победи на Србија над Германија, односно Грција над Србија.

Полска славеше над Русија со 82:79 и ја забележа втората победа на првенството, а во исто време Русите го претрпеа вториот пораз во А групата. Најефикасен кај Полјаците беше Адам Вачински с 23 поени, додека кај Русија се истакна Aндреј Зунков со 21 поен.

Израел истот така го забележа вториот триумф, по стратната победа над Русија, Израелците ја поразија Финска со 79:66. Елијаху со 22 и Мекел со 14 поени му ја донесоа втората победа на Израел на ЕП.

Франција го поправи впечатокот по лошото издание во првото коло, кога против Финска славеше по дополнителните пет минути. Пред бранителот на титулата падна БиХ со 81:54. Де Коло и Ловерњ со по 12 поени беа најефикасни кај Франција.

Група А:

Русија-Полска 79:82

Финска-Израел 66:79

Франција-БиХ 81:54

Табела: Франција 4, Израел 4, Полска 4, Русија 2, Финска 2, БиХ 2

Драматичната победа на Србија над Германија со 68:66 ја отвори програмата во Групата Б. Во натпревар во кој доминираа одбраните и во кој ниту еден тим немаше предност поголема предност од седум поени, победата на Србија и ја донсе Бјелица кој погоди на девет десетинки до крајот.

Бјелица со 12 поени беше најефикасен кај Србија, додека Новицки со 15 поени и 10 скокови ја предводеше Германија.

Исланд и против Италија покажа дека заслужува место на ЕП. Италијаните дури во финишот го скршија отпорот на жилавиот противник и славеа со 71:64. Џентиле со 21 поен се истакна кај Италија, додека Палсон со 17 кошеви беше најефикасниот Исланѓанец.

Шпанија во првото коло загуби од Србија, а цехот за тој пораз го плати Турција. Шпанците ја декласираа Турција во второто коло со 104:77. Гасол со 21 поен и седум скока ја предводеше ‘црвената фурија’, најефикасен кај Турција беше Иљасова со 15 поени.

Група Б:

Србија-Германија 68:66

Исланд-Италија 64:71

Турција-Шпанија 77:104

Табела: Србија 4, Шпанија 3, Италија 3, Германија 3, Турција 3, Исланд 2

Мaкедонија славеше над Холандија со 78:71. Нашите репрезентативци во 14.минута ја презедоа контролата врз играта и резултатот и запишаа рутинска победа. Илиевски со 14, односно Трајковски и Костоски со по 13 поени ја предводеа репрезентацијата до првата победа на ЕП.

Словенија славеше лесно над Грузија со 79:68, а особено се истакна Препелич кој постигна 21 поен без промашување.

Дербито во оваа група и припадна на Грција, која ја замолкна Арената во Загреб со победата над Хрватска со 72:70. Хрватите имаа водство до 35 минута, на моменти и од 10 поени, но во последните пет минути двоецот на Олимпијакос Спанулис и Принтезис направија пресврт. Спанулис постигна 16, а Принтезис 13 поени, додека Симон повоторно беше најефикасен кај Хрватска со 18 поени.

Група Ц:

Холандија-Македонија 71:78

Словенија-Грузија 79:68

Грција-Хрватска 72:70

Табела: Грција 4, Хрватска3 , Словенија3 , Холандија 3, Македонија 3, Грузија 2

Второто коло во Д групата донесе убедливи победи на Белгија, Литванија и Чешка. Лоџески постигна 16 поени во триумфот на Белгија над Естонија со 84:55.

Литавнија во соседското дерби, во второто полувреме ја декалсира Латвија за триумф од 68:49. Валанчиунас постигна 15, а Мачиулис 13 поени.

Чешка предводена од Весели (19 поени) славеше над Украина со 78:64.

Група Д:

Естонија-Белгија 55:84

Летонија-Литвнија 49:69

Чешка-Украина 78:64.

Табела: Чешка 4, Литванија 4, Белгија 3, Летонија 3, Украина 2, Естонија 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП