12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоп Ацев ја освои Гран при серијата на ФИНА

Поп Ацев ја освои Гран при серијата на ФИНА

поп-ацев

Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев ја освои Гран при серијата на ФИНА во маратонско пливање. Поп Ацев кој минатата недела победи во Охрид, на последниот маратон Капри Наполи го освои второто место што му ја донесе титулата во вкупниот пласман.

Инаку на 36 километарската трка Капри Наполи победи Аргентинецот Дамјан Блаум, пред Поп Ацев и домашниот пливач Симоне Ерколи.

Поп Ацев Гран при серијата на ФИНА ја заврши со 49 бодови, што му беше доволно да ја освои титулата во вкупниот пласман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП