3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО200 милиони евра треба да плати оној кој го сака Черишев!

200 милиони евра треба да плати оној кој го сака Черишев!

denis cerihev 22

Доколку некој го посакува рускиот фудбалер, токму оваа сума ќе мора да ја плати.

Денис Черишев за време на летото беше поврзуван со заминувње од Реал Мадрид, па во трката за овој фудбалер беа повеќе клубови.

Иако сега има обврски со репрезентацијата, Черишев се осврна на преодниот рок кој сега е зад нас, па тој откри еден интересен детал од својот договор, со кој објаснува и зошто никој не успеа да го купи овој фудбалер во текот на летото.

Имено, Русинот има откупна клаузула во износ од 200 МИЛИОНИ ЕВРА!

„Тоа беше клупската одлука. Реал Мадрид веројатно не сакаше некој да ме купи“, вели фудбалериот, кој ги мина младинските категории на мадридскиот клуб.

Черишев истакнува дека имало и понуди за позајмица.

„Имаше, но Реал едноставно несакаше да ме пушти“, истакнува Черишев кој конкурира на позицијата за место во првиот тим, на никој друг, туку на Кристијано Роналдо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП