11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФоњини повторно кобен за Надал

Фоњини повторно кобен за Надал

banjani 00

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини го елиминираше Рафаел Надал во третото коло на УС Опен. Победата на Фоњини не претставува некое големо изненадување, бидејќи ова е трета победа на Италијанецот над Надал оваа сезона.

Фоњини до победата стигна по голема борба која траеше три часа и 46 минути – 3:6, 4:6, 6:4, 6:3, 6:4. Надал оваа година стави крај на една неверојатна низа, тој во изминатите десет години освојуваше најмалку по еден Грен слем во сезоната.

Италијанецот со оваа победа му го олесни патот на Новак Ѓоковиќ чиј проектиран ривал во четвртфиналето беше токму Надал.

Фоњини во наредната рунда ќе игра против уште еден Шпанец, Фелисијано Лопез, кој лесно, во три сета, славеше над Милош Раониќ (6:2, 7:6, 6:3).

Ѓоковиќ во третото коло го мина сонародникот на Фоњини, Адреанс Сепи (6:4, 7:5, 7:5) и во наредното коло ќе се сретне со Роберто Баутиста-Агут кому Белгиецот Давид Гофан му го предаде мечот поради повреда.

Третото коло го мина и бранителот на титулата Марин Чилиќ, кој во пет сета славеше над Казахстанецот Михаел Кукушкин. Жо-Вилфред Цонга во три сета го мина Сергеј Стаховски, додека Давид Ферер кој недоволно закрепнат од повредата на рамото настапи на УС Опен загуби во четири сета од Жереми Шарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП