24 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува битката за титулата на континенталното првенство

Стартува битката за титулата на континенталното првенство

bas 00

Денеска во 14:30 часот со натпреварот Чешка – Естонија официјално започнува 39-тото ФИБА Европско првенство во кошарка кое ќе се игра во повеќе држави.

Организацијата на ова ЕП и беше доделена на Украина, но заради познатите случувања во оваа држава ФИБА одлучи истото да се одржи во Загреб, Рига, Берлин и Лил. Домаќин на завршницата ќе биде Лил со мулти­функционалната сала „Стад Пјер Моро“ со капацитет од 27.000 гледачи.

Македонската репрезентација се наоѓа во групата Ц која што ќе игра во Загреб. Во група со нашата репрезентација се и фаворитите Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија.

Токму со последниве две репрезентации, Македонија ќе се бори за место кое води во следната фаза.

Македонската репрезентација на ЕП ќе настапи подмладена со само една цел, а тоа е да ја помине групната фаза. ФИБА ја рангираше Македонија на 22-ро место од вкупно 24 учеснички на првенството. Сите наши противници во групата се подобро рангирани од кои најслабо котира Холандија на 21-во место. Најголеми фаворити на првенството се Шпанија, Франција и Србија, а тука се вбројуваат и Литванија, Хрватска и Турција.

Првиот противник на Македонија е Грција, мечот се игра денеска од 18:00 часот во Арена Загреб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП