29 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.09.2015

Дневен хороскоп 05.09.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Емоциите ќе ве совладаат и можно е да реагирате на несоодветен начин. Колегите се навикнати на секојдневните критики од ваша страна, но ретко ве гледаат во вакво издание. Потребно е да ги смирите нервите и да не обрнувате внимание на секоја ситница. Ако имате деца, денес е можно да дојдете во конфликт со едно од нив.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе бидете емотивно стабилни и филозофски ќе ги прифатите проблемите кои ви ги наметнува животот. Ако сте вработени, можно е да отидете на пократок пат или на состанок со некоја личност на повисока функција. Ветувањата што ќе ги добиете ќе бидат многу големи и тешко ќе ви биде да поверувате во нив. Тајните емоции кон една личност ви даваат голема енергија.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Особено голем проблем ви претставуваат финансиите. Трошоците се зголемуваат, а нови приливи тешко доаѓаат. Денес ве очекува мало финансиско освежување. Приливот не е голем, но моментално ќе ја намали психичката криза во која се наоѓате. Партнерските односи ви се добри и не ја пренесувајте вашата несигурност врз партнерот. Може да дојде момент кога повеќе нема да може да го поднесува вашето мрачно расположение.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Полека ви се отвораат сите врати и се чувствувате како да се будите од длабок сон. Емотивната криза полека ја совладувате и почнувате да се чувствувате како победник. Денес е можна интересна средба со личност родена во огнен знак. Личноста е многу интересна и одговара на вашиот сензибилитет. На работното место работите бавно се менуваат, но тоа се помалку ве оптоварува.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Освен што чувствувате недостаток на енергија, проблем ви претставува и недостатокот на средства. Очекуваните приливи ќе дојдат во текот на следната недела и добро би било да ги дочекате подготвени. Бидете внимателни на работното место и бидете понастрана од озборувањата. Може да чуете нешто што нема да ви се допадне. Партнерот денес ќе ве изненади со покажување на емоции.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес е можно да отидете на службен пат кој ќе заврши со успех. Ако сте невработени денес ќе имате можност за вработување. Ќе бидете повикани на разговор во последен момент и постои голема можност да почнете да работите. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не ги нарушувајте добрите односи со партнерот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во последно време ѕвездите се на ваша страна и се ви оди од рака. Постои можност овој викенд да го поминете со семејството во некое мало гратче покрај вода. Ова ќе ви помогне да ги средите мислите и да донесете некои важни одлуки за иднина. Со партнерот постојат несогласувања околу некои работи кои вам ви се важни, но тоа не е причина постојано да му ги барате лошите страни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се наоѓате на крстосница и имате потреба од промени. Но, наместо промени, вие како да сте фатени во стапицата на минатото. Вториот ден од викендот е можна средба со еден пријател од минатото. Ако е можно, избегнете ја таа средба затоа што имате сосема различен начин на размислување и неговите ставови можат да ве растревожат.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Правите напори да решите некои проблеми кои настанаа во изминатиот период, но не можете да се концентрирате. За вас е најдобро да се опуштите и привремено да заборавите на обврските. Можно е првиот ден од викендот да добиете помала сума пари. Следниот ден ќе бидете повикани да отидете на еднодневен излет. Не ја пропуштајте шансата малку да излезете од секојдневието.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Дружењето со пријателите не ги исполнува вашите очекувања и почнува да ве мачи монотонија. Бидете внимателни и не ги боцкајте пријателите. Некој од нив може да сфати дека сте злонамерни и да дојде до расправија. Првиот ден од викендот ќе имате потреба да отидете на краток излет или во некое блиско кафуле. Вториот ден ќе сакате да се осамите и да се одморите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Можно е да отидете на кратко патување кое ќе ви помогне да ги наполните батериите и успешно да ја започнете следната работна недела. Првиот ден од викендот ќе бидете многу толерантни и нема да се впуштате во тешки дискусии. Вториот ден следи промена. Ќе имате чувство дека премногу попуштате и гласно ќе реагирате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овие денови ќе имате потреба да отпатувате на краток пат. Ако сакате атмосферата да биде опуштена и да имате пријатен викенд, не бидете екстремни во однесувањето. Вашите реакции можат да бидат оценети како напаѓање и со тоа ќе предизвикате кавга. Ако одите во природа, можни се алергии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП