1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобен ќе паузира четири недели

Робен ќе паузира четири недели

Image-робен

Фудбалерот на минхенски Баерн Арјен Робен поради повреда ќе биде надвор од тимот во наредните четири недели, објави актуелниот германски првак.

Робен се повреди во четвртокот на квалификацискиот натпревар помеѓу Холандија и Исланд (0:1). Крилниот напаѓач теренот го напушти по само половина час игра.

Лекарските прегледи покажале дека 31-годишниот фудбалер го повредил бутниот мускул.

Робен во наредните четири недели ќе ги пропушти натпреварите на Баерн во Бундеслигата против Аугсбург, Дармштад и Мајнц, односно воведните два натпревари на Баварците ви Лигата на шампионите против Олимпијакос во Атина и Динамо Загреб во Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП