11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба одбил 12 млн евра годишна плата од Челзи

Погба одбил 12 млн евра годишна плата од Челзи

Imagpogba

Фудбалерот на Јувентус Пол Погба, во финишот на летниот преоден рок, ја одбил понудата на Челзи според која годишно би заработувал 12 милиони евра, тврди весникот Газета дело Спорт.

Истиот извор наведува дека лично менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо разговарал со Погба, но играчот ја одбил понудата бидејќи во иднина сакал да игра за Реал или Барселона.

Челзи бил подготвен за Погба да плати 85 милиони евра и во Јувентус да го испрати Бразилецот Оскар.

Погба минатата сезона беше еден од најзаслужните што Јувентус ја освои двојната круна во Италија и играше во финалето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП