21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТехничкиот директор на шпанската фудбалска федерација ќе одржи семинар во Скопје

Техничкиот директор на шпанската фудбалска федерација ќе одржи семинар во Скопје

spanac seminar

Во текот на денешниот ден во ФФМ ќе пристигне Гинес Мелендез Сотос, техничкиот директор на Шпанската Фудбалска Федерација кој за портебите на тренерскиот семинар за тренери во млади категории, национални репрезентации и фудбалски академии ќе одржи теоретско-практични презентации.

Гинес Мелендез Сотос е поранешен селектор на сите младински шпански селекции со кои го има остварено следниот успех:

–  Првак на Европа со репрезентација У-17 во 2007 и 2008

–  Првак на Европа со репрезентација У-19 во 2006, 2011

–  Вице првак на Европа со репрезентација У-17 во 2003, 2010

–  Светски Вице-првак со репрезентација У-19 во 2003

–  Светски Вице-првак со репрезентација У-17 во 2003 и 2007

Покрај овие резултати, со националните репрезентации на Шпанија уште има постигнато и 5-то место на СП за репрезентации до 20 години во 2007 како и 3-то место на СП за репрезентации до 17 години во 2009.

Техничкиот оддел на ФФМ цени дека со овој предавач ќе добие голем квалитет и ќе успее да пренесе на тренерите во Македонија едно големо тренерско искуство од веројатно еден од најдобрите младински селектори во Европа на сите времиња.

ФФМ ги потсетува клубовите и тренерите на својата обрвска за присуство на овој исклучително квалитетен семинар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП