6 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПари од сите страни, Роналдо по ‘твит’ инкасира 230.366 евра

Пари од сите страни, Роналдо по ‘твит’ инкасира 230.366 евра

cr tweet11

Фудбалерот на Реал Мадрид не само што е најдобриот играч во светот, туку најмногу е на цена и неговото комуницирање на социјалните мрежи. Record пренесува дека Португалецот за еден „твит“ заработува рекордни 230.366 евра.

Ѕвездата на Реал Мадрид, кога се во прашање спортистите, има најмногу следбеници на Twitter – 37,7 милиони.

На второто место на листата на најплатените спортисти кои се огласуваат на Twitter е НБА ѕвездата Леброн Џејмс со 125.638 евра.

Огласувањето на оваа социјална мрежа само по себе не носи пари, туку се наплатува рекламирањето на производите на одредени компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар