22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо доминира во Гинисовата книга на рекорди

Мурињо доминира во Гинисовата книга на рекорди

rekord murinjo

Жозе Мурињо, менаџерот на фудбалерите на Челзи, благодарение на своите остварувања ќе се најде во новото издание на Гинисовата книга на рекорди за 2016-та година.

Легендарниот Португалец е сопственик на четири рекорди.

Првиот е поврзан со шампионската титула во Премиерлигата која Челзи ја освои во 2005-та година, тогаш „сините“ освоија рекордни 95 бодови. Во истата таа сезона одбраната на Челзи прими само 15 голови, што е најмалку во историјата на лигата.

Исто така, Мурињо имал серија од 77 натпревари на домашен терен на кои не забележал пораз. Португалскиот тренер е најмладиот во историјата кој стигнал до 100 победи во Лигата на шампионите, до ова остварување стигна на клупата на мадридски Реал.

„Убаво е што сите тие признанија ќе можам да ги имам во мојата канцеларија. Како дете ги читав тие книги, не можев да замислам дека еден ден и самиот ќе бидам дел од Гинисовата книга“, вели Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП