ПочетнаИНТЕРЕСНОКаратистите на Макпетрол заминаа за Истанбул

Каратистите на Макпетрол заминаа за Истанбул

karatisti-makpetrol

Експедицијата на Карате клубот Макпетрол замина за Истанбул, каде ќе земе учество на најпрестижното натпреварување во карате спортот „Светската 1 Премиер карате лига“.

За Истанбул заминаа сениорските репрезентативки: Симона Заборска -55 кг, Моника Стефановска -68 кг, Ана Марија Несторовска -61 кг, Симон Антиќ -84 кг, Жарко Арсовски -84 кг, Томе Тодоровски -67 кг и Игор Таневски -67 кг.

„На овој турнир ќе настапиме без никакво психолошко оптоварување. Турнирот е прв настан по преодниот период, и ова е прва фаза од натпреварувачката периодизација со која ние треба да стартуваме за сениорските состави“, рече тренерот Бошко Заборски.

На турнирот во Истанбул досега има пријавено 533 спортисти од 47 држави.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП