9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоследно одбројување до почетокот на Евробаскет 2015

Последно одбројување до почетокот на Евробаскет 2015

EB2015_logo_landscape_full_beko_colour

Европското првенство во кошарка, кое првпат во историјата ќе се игра во четири држави (Хрватска, Франција, Германија, Латвија) ќе започне вo сабота од 15 часот со натпреварите Полска – БиХ во А групата, Германија – Исланд во Б групата, Грузија – Холандија во Ц групата, додека дуелот во Д групата меѓу Чешка и Естонија ќе започне во 15.30 часот.

Група Ц: (Македонија, Хрвтска, Грција, Грузија, Словенија, Холандија)

Македонската кошаркарска репрезентација на 40-то Европско првенство ќе партиципира во Ц групата, натпреварите ќе ги игра во Загреб, а вo сабота противник на ‘црвено-жолтите’ ќе им биде Грција (18 часот).

Според сите прогнози, Грција е најголемиот фаворит за освојување на првото место во Ц групата, за второто ќе се борат Хрватска и Словенија, а Македонија заедно со Грузија и Холандија ќе конкурира за четвртата позиција која носи пласман во наредната рунда.

Евробаскетот 2015 е четвртото по ред континентално натпреварување на кое учествуваат македонските кошаркари, вкупно петто во историјата за мак-кошарката (1999, 2009, 2011, 2013), но за разлика од претходните две првенства составот на ‘црвено-жолтите’ е видно изменет.

Поради смената на генерации, од поискусните во репрезентацијата останаа Владо Илиевски, Предраг Самарџиски, браќата Стојановски, Дарко Соколов. Токму поради составот, но и поради смената на селекторот на три дена пред почетокот на подготовките, во Македонската кошаркарска федерација (МКФ) оценија дека секоја победа на ЕП ќе биде успех, а пласман во втората фаза бил рамен на освоен медал.

Грција по подолго време на едно големо натпреварување ќе настапи со она што е во моментов најдобро во нивната кошарка. Репрезентацијата ќе ја предводи Василис Спанулис, еден од најдобрите европски плејмејкери во изминатите пет години, но сите очи ќе бидат вперени во младиот Јанис Адетокумбо кој зад себе има одлична сезона во Милвоки Бакс.

Хрватска како домаќин на групата може да се надева на освојување на првата позиција, бидејќи има одличен тим и ќе ја има поддршката од трибините. Имињата на Шариќ, Томиќ, Хезоња, Богдановиќ ја ставаат Хрватска меѓу фаворитие за влез во завршницата на ЕП.

Словенија е непознаница за противниците, бидејќи на овој Евробаскет ќе игра без својот најдобар играч, ѕвездата на Мајами Хит, Горан Драгич. Неговото отсуство ќе треба да го надополни неговиот брат Зоран, оносно помладата гарда која ја предводат Препелич, Клобучар и Омич.

Грузија има респектабилен состав со еден НБА игра, Заза Пачулија и уште неколкумина кои редовно играат во Евролигата (Маркоишвили, Шенгелија, Саникидзе).

Холандија е голема мистерија за сите во групата, но со самото тоа што на ЕП се пласираа откако ја елиминираа Црна Гора говори дека доколку некој ја потцени оваа селекција може да биде немилосрдно казнет.

Распоред на натпреварите, Група Ц:

05.09: Грузија-Холандија (15 ч), Македонија-Грција (18 ч), Хрватска-Словенија (21 ч)

06.09: Македонија-Холандија (15 ч), Словенија-Грузија (18 ч), Хрватска-Грција (21 ч)

08.09: Словенија-Холандија (15 ч), Грција-Грузија (18 ч), Македонија-Хрватска (21 ч)

09.09: Грција-Словенија (15 ч), Македонија-Грузија (18 ч), Хрватска-Холандија (21 ч)

10.09: Македонија-Словенија (15 ч), Грузија-Хрватска (18 ч). Словенија-Грција (21 ч)

Група А: (Франција, Русија, БиХ, Финска, Полска, Израел)

Французите како апсолутни фаворити во А групата ќе ја започнат одбраната на титула која ја освоија на претходното ЕП во Словенија. ‘Триколорите’ во чија земја ќе се игра завршницата на шампионатот се едни од најголемите фаворити за златниот медал. Франција во тимот има шест кошаркари кои играат во НБА лигата, предводена е од Тони Паркер. Колку е моќен францускиот состав говори и податокот дека место во тимот немаше за плејмејкерот Томас Ертел, кој лани беше еден од најзаслужните за освоениот бронзен медал на Светското првенство.

Останатите селекции, кои според квалитетот се речиси идентични, ќе се борат за пласман од втората позиција надолу.

БиХ на ова ЕП е без своите најдобри играчи Телетовиќ, Нуркиќ и Џедовиќ, Русија без вистинска ѕвезда, Полјаците сите надежи ги полагаат во центарот на Вашингтон Марчин Гортат, исто како и Израелците кои го имаат Омри Каспи од Сакраменто Кингс, додека играта на Финска не отстапува од хаотичната и брза игра и сé уште таму се се врти околу Копонен и Салин.

Распоред на натпревари, Група А:

05.09: Полска-БиХ (15 ч), Израел-Русија (17.30 ч), Франција-Финска (21 ч)

06.09: Русија-Полска (15 ч), Финска-Израел (17.30), Франција-БиХ (21 ч)

07.09: Финска-Русија (15 ч), Израел-БиХ (17.30), Франција-Полска (21 ч)

09.09: БиХ-Финска 915 ч), Полска-Израел (17.30), Франција-Русија (21 ч)

10.09: Финска-Полска (15 ч), БиХ-Русија (17.30), Франција-Израел (21 ч)

Група Б: (Германија, Србија, Шпанија, Турција, Италија, Исланд)

На секое големо натпреварување постои група која според квалитетот на екипите е посилна од останатите, на 40-то ЕП тоа е Б групата чии натпревари ќе се играат во Берлин.

Во оваа група се сместени европскиот и светскиот вицепрвак Шпанија и Србија, Германија со НБА играчите Шредер и Новицки, Италија која по долги години има тим кој може да се бори за медал, Турција која со Ерсан Иљасова и Боби Диксон, додека Исланд е тотален аутсајдер.

Шпанците на ова ЕП се хендикепирани откако настапот го откажаа Наваро, Калдерон, Рубио и помладиот од браќата Гасол, но и покрај тоа ‘црвената фурија’ е меѓу фаворитите за медал.

Србија квалитативно има подобар тим од оној кој пред една година на Мундијалот во Шпанија стигна до финалето и второто место. Играта и натаму се врти околу тандемот Теодосиќ – Бјелица, а младите по Мундијалот се поискусни за едно големо натпреварување.

Италија десет години не значи ништо на европската кошаркарска мапа, но актуелниот состав може да ги вметне ‘азурите’ во борба за медалите. Во тимот ќе бидат тројцата НБА играчи (Галинари, Барњани, Белинели) и доскорешниот челен на Денвер, сега на Фенербахче, Датоме. Со играчите од домашниот првенство и Американецот Хекет италијанскиот тим може да се надева на висок пласман.

Германија повеќе од една деценија играта ја базираше врз Дирк Новицки, но на ова ЕП „Диркенштај“ има 37 години и тешко е да се верува дека ќе може сам да го понесе товарот, како што направи во 2005 година кога сам ја однесе Германија во финалето на ЕП во Белград. Поддршка на Новицки треба да му пружат Денис Шредер играчот на Атланта и екс центарот на Барслеона, Тибор Плајс.

Турците имаат добар тим, но тие секогаш се подобри кога играат на домашен терен. Иљасова заедно со Диксон и момчето родено во Охрид, Чеди Осман, треба да ја движат играта на репрезентацијата. Инаку Турците имаа бурно лето откако селекторот Атаман имаше остри расправии со челниците на Фенербахче, кои во еден момент и се заканија дека ќе ги повлечат своите играчи од репрезентацијата, но на крајот тоа не се случи.

Исланд во една ваква конкуренција едноставно е тотален аутсајдер. За Исланѓаните и самиот пласман на ЕП е огромен успех, но и доказ дека 24 репрезентации се премногу за Евробаскетот. Најпознато име кај Исланд е Јон Стефансон кој минатата сезона играше во Евролигата со Уникаха, а во квалификациите се истакнаа уште Хердур Вилхамсон и Логи Гунарсон.

Распоред на натпревари; Група Б:

05.09: Германија-Исланд (15 ч), Шпанија-Србија (18 ч), Турција-Италија (21 ч)

06.09: Германија-Србија (15 ч), Исланд-Италија (18 ч), Шпанија-Турција (21 ч)

08.09: Србија-Исланд (14:30 ч), Германија-Турција (17.45), Шпанија-Италија (21 ч)

09.09: Турција-Србија (14:30 ч), Италија-Германија (17.45 ч), Исланд-Шпанија (21 ч)

10.09: Италија-Србија (14:30 ч), Германија-Шпанија (17.45 ч), Турција-Исланд (21 ч)

Група Д: (Латвија, Литванија, Естонија, Чешка, Украина, Белгија)

Според имињата Д групата е најизрамнетата, но и најнеатрактивната група на Евробаскетот. Белгија, Украина и Чешка ќе се обидат да им ги расипат сметките на балтичките репрезентаци.

Јасно е дека најголем фаворит за првата позиција е Литванија, која е предводена од Валанчиунас и Мачиулис, Летонија ќе се обиде да ги изнедади Литванците, Украина го има најмладиот тим на првенството, ниту еден играч нема повеќе од 28 години, Чесите сите погледи ги насочуваат кон Весели (Фенербахче) и Саторански (Барселона), додека Есотнија барем на хартија е најслабиот тим во оваа група.

Распоред на натпревари, Група Д:

05.09: Чешка-Естонина (15.30 ч), Белгија-Латвија (18.30), Литванија-Украина (21.30)

06.09: Естонија-Белгија (15.30 ч), Латвија-Литванија (18.30 ч), Чешка-Украина (21.30 ч)

07.09: Литванија-Белгија (15.30 ч), Чешка-Латвија (18.30 ч), Украина-Естонија (21.30)

09.09: Белгија-Чешка (15.30 ч), Латвија-Украина (18.30), Естонија-Литванија (21.30 ч)

10.09: Украина-Белгија (15.30), Латвија-Естонија (18.30), Литванија-Чешка (21.30).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП