4 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗCitroen го покажа C4 Sedan (фото)

Citroen го покажа C4 Sedan (фото)

c4 sedan

Седан верзија на последната генерација на моделот „C4“ претстави француската марка „Citroen“. Овој автомобил е производ на заедничкото вложување „Dongfeng – Citroen“, па така возилото ќе се произведува и продава на територијата на Кина.

„Citroen C4 Sedan“ има должина од 4,55 метри, а ќе се позиционира во палетата на производителот меѓу моделите „C-Elysee“ и „C4 L“.

c4 sedan 1

Новиот „C4 Sedan“ е еден од најважните за „Dongfeng – Citroen“ модели, бидејќи го заменува најдобро продаваниот автомобил на компанијата – „C-Quatre“ кој генерира цели 30% од продажбата на заедничко вложување во Кина.

Недостигаат детали за техничките карактеристики на автомобилот, но сепак станува јасно дека тој ќе се движи од бензински мотор со три цилиндри и моќност од 130 КС. Преносот ќе бидат мануелен и автоматски.

c4 sedan 2

Опишан како удобен и простран, ентериерот на „Citroen C4 Sedan“ уште во стандардната опрема нуди „touch“ дисплеј, систем за следење на „слепата точка“ на страничните ретровизори, пристап до кабината без клуч и друго.

Премиерата на кинескиот „C4 Sedan“ ќе се одржи на саемот во Чанду.

c4 sedan 3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП