12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Федерер лесно до третото коло, Марej играше пет сета

УС Опен: Федерер лесно до третото коло, Марej играше пет сета

2014 US Open - Day 7

Роџер Федерер експресно го мина второто коло на УС Опен, откако за 80 минути го совлада Белгиецот Стив Дарсис со 6:1, 6:2, 6:1.

Швајцарецот уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма, мечот го заврши со 46 директни поени и 25 неизнудени грешки. Федерер по мечот со Дарсис стана тенисерот со најмногу победи во вечерниот термин на УС Опен – вкупно 29, а има само еден пораз.

Противник на швајцарскиот тенисер во третото коло ќе биде Филип Колшрајбер кој во три сета славеше над Лукаш Росол.

Инаку, четвртиот ден на УС Опен донесе неколку интересни мечеви и една вистинска драма на теренот кога Американецот Џек Сок колабираше во текот на мечот со Рубен Бемелманс. Покрај Сок мечот на својот противник му го предаде и Денис Истомин.

Енди Марej мораше да одигра пет сета против Адријан Манарино. Францускиот тенисер одигра речиси перфектно во првите два сета кои ги доби со 7:5 и 6:4, но потоа неговата игра се распадна и Британецот успеа да ги освои наредните три сета и тоа убедливо 6:1, 6:3, 6:1 и да се пласира во третото коло каде противник ќе му биде Томаш Белучи.

Стен Вавринка мина во третото коло откако во три сета доби во тај брејк и го елиминираше Јужнокореецот Хјеон Чунг.

Во три сета второто коло го минаа Џон Изнер, Томаш Бердих и Кевин Андерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП