10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕуро 2016: Пораз на Холандија, реми на Хрватска, Белгија ја победи БиХ

Еуро 2016: Пораз на Холандија, реми на Хрватска, Белгија ја победи БиХ

холхол

Девет натпревари ја отворија седмата рунда од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство, кое наредната година ќе се одржува во Франција. Исланд ја шокираше Холандија, Хрватска освои само бод во Азербејџан, Турците во последните минути испуштија победа против Латвија, додека минимални гостински победи забележаа Велс односно Норвешка. Белгија во дербито славеше над БиХ.

Селекциите на Италија, Велс и Исланд се многу блиску до обезбедување на директен пласман на Европското првенство.

Холандија загуби на домашен терен од Исланд во еден исклучително лош меч за ‘лалињата’. Најпрвин Холандија во 33.минута остана без Мартинс Инди кој доби црвен картон, а во 51.минута Ван дер Вил направи пенал кој го реализираше Гилфи Сигурдсон.

Чешка, во оваа А група, го задржа второто место откако со пресврт славеше над Казахстан. Милан Шкода во последните 15 минути постигна два гола со кои го поништи водството на Казахстанците до кое стигнаа со голот на Јуриј Логвиненко.

Турција се мачеше со незгодните Латвијци, а до предност стигна со голот на Селчук Инан во 77.минута. Сепак во 92.минута Сабал ја шокираше публиката и ги постави конечните 1:1.

Група А:

1. Исланд 18

2. Чешка 16

3. Холандија 10

4. Турција 9

5. Летонија 7

6. Казахстан 1

Белгија и БиХ го одиграа дербито во Б групата. Босна подобро го отвори мечот и го отвори резултатот во 15.минута со голот на Един Џеко. До крајот на полувремето Белгија направи пресврт преку Маруан Фелаини и Кевин де Брујне. Босна напаѓаше во второто полувреме, но тибо Куртоа одбрани неколку тешки топки, а Белгија победникот го реши со голот на Еден Азар од пенал во 77.минута.

Израел лесно се справи со аутсајдерот Андора и со головите на Зехави, Битон, Хемед и Дабур славеше со 4:0.

Победа која најверојатно ќе ги однесе на ЕП забелеќа Велс на Кипар. Герет Бејл го постигна единствениот гол во 82.минута.

Група Б:

1. Велс 17

2. Белгија 14

3. Израел 12

4. Кипар 9

5. БиХ 8

6. Андора 0

Натпреварите во Х групата минаа во знакот на нерешениот резултат (0:0) во Баку, на натпреварот помеѓу Азербејџан и Хрватска. Киксот на Хрватска го искористи Норвешка која славеше во Софија над Бугарија со голот на Форен.

Италија ја презеде лидерската позиција во групата откако минимално славеше над Малта со 1:0. Единствениот гол на мечот го постигна напаѓачит на Саутемптон Грацијано Пеле во 69.минута.

Група C:

1. Италија 15

2. Хрватска 14

3. Норвешка 13

4. Бугарија 8

5. Азербејџан 5

6. Малта 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП