17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМојсовски останува во Катар, ќе игра во Ал Џаиш

Мојсовски останува во Катар, ќе игра во Ал Џаиш

мојсовски

Македонскиот ракометен репрезентативец Наумче Мојсовски кој во минатата сезона неколку месеци играше во Катар, реши кариерата да ја продолжи во оваа земја.

Иако имаше најави, а и неколку понуди да се врати во Европа, средниот бек реши да ја прифати понудата на Ал Џаиш. Минатата сезона Мојсовски заедно со Ренато Вугринец настапуваше во екипата на Лахвија.

Мојсовски подготвен ќе пристигне во новиот тим, бидејќи во текот на летото ги одработи подготовките со екипата на Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП