3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШест натпревари суспензија за Вилас-Боаш

Шест натпревари суспензија за Вилас-Боаш

зенинини

Тренерот на Зенит, Андре Вилас-Боаш, доби суспензија од шест натпревари поради вербална расправија со судијата во руската Премиерлига. Португалецот во неочекуваниот пораз на Зенит од Крила Совјетов (1:3) имал жестока расправија со четвртиот судија.

Поради вербалната расправија со судијата, Вилас-Боаш доби црвен картон во 34. минута, а поради вербалниот напад Фудбалскиот сојуз на Русија му изрече драстична казна.

Во моментот кога се случи инцидентот, Зенит беше во негатива од 0:1, на почетокот на второто полувреме тимот на Португалецот израмни, но потоа противникот постигна уште два гола.

По седум одиграни натпревари во првенството, Зенит има шест бодови помалку од лидерот ЦСКА Москва. Водечките две екипи ќе играат во осмото коло во Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП