29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез Рафа и Роже нема интерес за турнирот во Мајами

Без Рафа и Роже нема интерес за турнирот во Мајами

Miami Tennis Cup

Директорот на тенискиот турнир во Мајами, Адам Барет, соопшти дека продажбата на влезниците за турнирот е значително намалена за разлика од минатата година, а како причина за тоа го наведува откажувањето на Роже Федерер и Рафаел Надал.

„Неиграњето на овие двајца тенисери е голем пех за организацијата. Сепак имаме осум тенисери и девет тенисерки од самиот светски врв, но ќе ни недостасуваат Рафа и Роже, кои се големи амбасадори на овој спорт, па поради ова и влезниците не се продаваат исто кога и тие двајца би биле тука“, вели Барет.

Ваквиот сплет на околности му овозможи на Давид Ферер да биде третиот носител, што му е досега најдобрата стартна позиција во Мајами.

„Секако малку е чудно што двајцата тенисери од самиот врв не се тука, но јас сум фокусиран само на следниот противник. Календарот е набиен, а сезоната е тешка. Играчите се свесни за тоа, но што да правиме ние. На навивачите ќе им недостасуваат Надал и Федерер, но тука има и други добри играчи“, истакнува Ферер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП