Српскиот интернационалец Немања Протиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром, објави клубот на својата интернет страница.
Протиќ настапува на плејмејкерската позиција, има 29 години, а минатата сезона настапуваше во српски Металац од Ваљево. Во кариерата 182 сантиметри високиот кошаркар настапувал за Борац Чачак, ФМП Железник, Олденбург, Химки и Нижни Новогород.
Протиќ минатата сезона во АБА лигата на 16 натпревари остварил просек од 7,4 поени и 2,2 асистенции по натпревар, додека во српското првенство на девет среби имал просек од 9,2 поени и 2,4 асистенции по натпревар.