2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаса и Ботас и наредната сезона ќе возат за Вилијамс

Маса и Ботас и наредната сезона ќе возат за Вилијамс

botas masa

Тимот на Вилијамс кој се натпреварува во првенството на Формула 1 објави дека и во наредната сезона за овој тим ќе возат Фелипе Маса и Валтери Ботас. Наредната сезона ќе биде трета во која Бразилецот и Финецот ќе бидат тимски партнери.

Вилијамс ја потврди возачката двојка откако Ферари пред две недели објави дека Кими Раиконен ќе остане во тимот, откако претходно со место во италијанскиот тим се поврзуваше токму Ботас.

Наредната сезона ќе биде 15-та за Маса, а петта за Ботас во првенството на Формула 1. Ботас една сезона бил и тест возач на Вилијамс, додека Маса претходно возел за Заубер и Ферари.

Овогодишниот шампионат во Формула 1 ќе продолжи викендов со трката за Големата награда на Италија, која ќе се вози на легендарната патека во Монца.

По 11 трки во шампионатот Вилијамс се наоѓа на третото место во пласманот на конструктори, додека кај возачите Маса е петти, а Ботас шести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП