17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекорди кои се во „опасност“ на Евробаскетот

Рекорди кои се во „опасност“ на Евробаскетот

ep 003

Два дена нé делат од стартот на јубилејното 40-то Европско првенство во кошарка, кое првпат во историјата ќе биде организрано во четири држави (Франција, Хрватска, Германија, Летонија).

На континеталното првенство ќе настапат 24 селекции, во кои играат рекордни 28 НБА играчи. Токму ѕвездите кои кариерите ги градат во најсилната лига во светот на ова ЕП можат да урнат неколку рекорди.

Специјализираната интернет страница Eurohoops издвои шест рекорди кои со голема веројатност ќе бидат надминати на претстојниот Евробаскет.

Најдобар стрелец:

Гркот Никос Галис е лидер на вечната листа на најдобри стрелци на ЕП-а. Тој во кариерата постигнал 1.033 поени, но за очекување е дека неговиот рекорд ќе биде престигнат од Тони Паркер (996) и Дирк Новицки (983). Инаку, легендарниот Галис до бројката од 1.033 поени стигнал со одиграни 33 натпревари на континеталните првенства, додека Паркер досега има одиграно 59, а Новицки 44 натпревари.

Број на учества и одиграни натпревари:

Франција со сигурност ќе ја мине првата фаза, што значи дека Тони Паркер со сигурност ќе го мине Романецот Михај Недеф кој се наоѓа на второто место на листата на кошаркари кои одиграле најмногу мечеви на ЕП-а. Паркер во моментов има одиграно 59 натпревари, Недеф е на бројката од 64, додека прв на оваа листа е репрезентативецот на Југославија Крешимир Чосиќ со 69 одиграни натпревари.

Чосиќ е прв и на листата кошаркари со најголем број на учества на ЕП-а. Легендарниот центар девет пати играл на континенталните првенства, втор на листата е Тони Паркер за кого претстојниот Евробаскет е осми во кариерата.

Најмногу пати прв стрелец на турнирот:

Никос Галис е прв на листата на играчи кои најмногу пати биле прв стрелци на завршните турнири. Гркот четири пати бил прв стрелец на турнирите, и тоа во 1983, 1987, 1989 и 1991). Втор на листата е Дирк Новицки, тој најдобар стрелец бил во 2001, 2005, 2007. Германецот е веќе во години, има 37, и тешко е да се верува дека играта на Германија ќе се врти околу него, а со самото тоа и дека ќе успее да го израмни рекордот на Галис.

Шампион како играч и селекторот:

Единствен кој како играч и како селекторт бил европски првак е Гркот Панајотис Јанакис. Како играч ја освои евро титулата во 1987, а како тренер во 2005 година. Единствен кој на ова ЕП може да го повтори остварувањето на Јанакис е српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ кој како играч има три титули европски првак (1991, 1995, 1997).

МВП на турнирот:

Повоторно сé се врти околу трите најголеми ѕвезди на ЕП – Новицки, Гасол и Паркер. Овие тројца имаат по една МВП титула – Новицки во 2005, Гасол во 2009, а Паркер во 2013 година. Единствен со две МВП титули е Крешимир Чосиќ (1971, 1975).

Најмногу медали:

Легендите не само на европската, туку и на светската кошарка Крешимир Чосиќ и Сергеј Белов имаат по осум медали од ЕП-а. Од активните најблиску до овие двајца е Пау Гасол кој има пет медали (една златна, две сребрени и две бронзени).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП