15 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМу замерувавте на Челзи? Но, Јувентус е победникот!

Му замерувавте на Челзи? Но, Јувентус е победникот!

juve03

Многу врева се крена околу фактот дека Челзи има три тима на позајмица ширум Европа. Но сепак, тие се апсолутни аматери кога станува збор за италијанскиот шампион.

Заслепени од она што го прави актуелниот шампион на Англија, медиумите не забележуваат дека истиот систем го применуваат и други големи клубови, а без конкуренција е сепак Јувентус. Челси сезонава на позајмица има 33 играчи, а што мислите, колку има Јувентус? Многу повеќе! Дури 50?!

Податокот делува неверојатен, но е вистинит. Јувентус благодарејќи на методот за половична сопственост над играчите можеше да откупи таленти ако се афирмираат, а така во клубот беше вратен Џовинко. Летово ист беше случајот и со Симоне Заза кој е купен додека играше за Асколи, но до овој преоден рок никогаш го немаше облечено дресот на Јувентус.

Системот на двојна сопственост е укинат, па сега Јувентус кој досега доведуваше доста играчи на позајмица со право за откуп, само своите играчи ќе ги испрати на калење, или некаде каде ќе ги плаќаат.

На пример, тоа е случај со Маурицио Исла и Паоло де Чеље кои имаат договори поголеми од милион евра по сезона, но не се во конкуренција за тимот, па нивното заминување во Марсеј е заштеда за клубот, затоа што нивната плата ќе ја превземе некој друг.

Што се однесува до Коман, ситуацијата е поразлична, тој е на двегодишна позајмица во Баерн кој има повеќе можност да го пуштат да игра во Бундеслигата, а Јуве има право да го врати, но и Баерн да го откупи договорот за две сезони.

Останатите играчи се претежно млади и ги „шетаат“ на позајмица ширум светот, а интересно е дека Хорхе Мартинез кој до скоро беше член на Јувентус, е испратен на позајмица во татковината во екипата на Хувентуд (Уругвај).

Меѓу позајмените играчи најмногу има Италијанци, но дури од 15 земји, што своевидно преставува рекорд. Интересно, ретко освен Италијанците некој да добие шанса да се врати во Торино, затоа што Јувентус низ историјата преферираше играчи од Апенините, како и оние кои се „Ориунди“, односно кои се по потекло Италијанци, чии семејства се иселиле во Јужна Америка.

Јувентус:

juve05

Челзи:

juve06

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП