18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајмногу НБА играчи во историјата на ЕП

Најмногу НБА играчи во историјата на ЕП

nba ep

Европското првенство во кошарка кое првпат во историјата ќе се одржува во четири држави ќе започне претстојниот викенд. Ова ќе биде јубилејно 40-то издание на Евробаскетот, а интересно е дека на него ќе има најмногу НБА играчи во историјата на континеталните првенства.

На терените во Хрватска, Летонија, Франција и Германија ќе се појават 28 кошаркари кои играат во НБА лигата. Најмногу НБА играчи има Франција (6), а потоа следуваат Хрватска, Грција и Италија со по три.

Сигурно е дека први ѕвезди на турнирот ќе бидат Французите Тони Паркер и Николас Батум, Шпанецот Пау Гасол, германскиот ветеран Дирк Новицки, Србинот Немања Бјелица, Хрватот Бојан Богдановиќ, Турчинот Ерсан Иљасова…

Македонската репрезентација, која денеска ќе отпатува за Загреб, својот прв натпревар ќе го одигра на 5-ти септември против Грција (18 часот).

Покрај Грција, противници на македонските кошаркари ќе бидат националните тимови на Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија.

Вкупно во овие селекции има седум кошаркари кои играат во НБА лигата, тројца Хрвати (Бојан Богдановиќ, Марио Хезоња, Дамјан Рудеж) и Грци (Јанис Атетокумпо, Костас Куфос, Костас Папниколау) и еден Грузиец (Заза Пачулија).

nba ep2

НБА играчи кои ќе настапат на ЕП:

Франција: Николас Батум (Шарлот), Тони Паркер (Сан Антонио), Еван Фурније (Орландо), Борис Дио (Сан Антонио), Руди Гобер (Јута), Жофри Ловерњ (Денвер)

Хрватска: Бојан Богдановиќ (Бруклин), Марио Хезоња (Орландо), Дамјан Рудеж (Минесота)

Грција: Јанис Атетокумпо (Милвоки), Костас Куфос (Сакраменто), Костас Папниколау (Денвер)

Германија: Дирк Новицки (Далас), Тибор Плајс (Јута), Денис Шредер (Атланта)

Италија: Андреа Барњани (Бруклин), Марко Белинели (Сакраменто), Данило Галинари (Денвер)

Израел: Омри Каспи (Сакраменто)

Литванија: Јонас Валанчијунас (Торонто)

Полска: Марчин Гортат (Вашингтон)

Грузија: Заза Пачулија (Далас)

Србија: Немања Бјелица (Минесота)

Шпанија: Пау Гасол (Чикаго), Никола Миротиќ (Чикаго)

Турција: Фуркан Алдемир (Филаделфија), Ерсан Иљасова (Детроит)

Украина: Алекс Лен (Феникс).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП