„Hyundai“ ја покажа теренец верзијата на хечбекот „i20“. Новиот модел го има добиено додатокот „Active“ кон своето име и ќе се продава на европскиот пазар. Премиерата на автомобилот ќе се одржи на автосаемот во Франкфурт.

Новата модификација на возилото е за 10 мм подолга, за 26 мм поширока и за 5 мм повисока од стандардниот „i20“. Растојанието помеѓу двете оски и обемот на багажникот останале непроменети.
Машината располага со дополнителна заштита околу крилата, браникот и страничните престилки. Таа доаѓа исто со 16-инчни бандажи, „LED“ фарови и шини на покривот.

Во опремата на „i20 Active“ се вклучени нов вид предни седишта, предни воздушни перничиња и алуминиумски педали. Освен тоа возачот има систем за пристап без клуч, аудио систем со 8 звучници, „USB“ порти и „AUX“, како и „Bluetooth“ поврзување.
Овој автомобил е со погон на предните тркала, а под хаубата му е поставен 1,0-литарски бензински турбо мотор со две варијанти на моќност – 99 или 118 КС. Менувачот е мануелен со 5 или 6 брзини.