28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНеверојатниот Ноле: Погледнете што направи Џоковиќ после победата на УС Опен(видео)

Неверојатниот Ноле: Погледнете што направи Џоковиќ после победата на УС Опен(видео)

nole

Српскиот тенисер повика навивач од трибините, а потоа играше со него, што ја воодушеви публиката на стадионот Артур Еш.

Новак Џоковиќ за само 90 минути го совлада Андреас Хајдер-Маурер со 3:0(6:4, 6:1, 6:2).

Натпреварот против својот врсник траеше речиси до полноќ по њујоршко време, бидејки се пролонгираа претходните мечеви.

За да ја расположи публиката која остана до полноќ да го следи натпреварот, Ноле по завршетокот на мечот изведе ново шоу.

Тој повика еден од навивачите кој претходно се истакна со танцување на трибините, и потоа со него зaедно танцуваше на теренот.

Двајцата предизвикаа вистински делириум во публиката, и нема сомнение дека ова видео ќе стане мега популарно.

На крајот, Џоковиќ и навивачот облекоа маици со натписот ,,I Love New York”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП