24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбедлив старт на Вардар во СЕХА лигата

Убедлив старт на Вардар во СЕХА лигата

vardar-ubedliv-start

Ракометарите на Вардар со убедлива победа над Војводина од 37:27 (18:8) ја започнаа новата сезона во СЕХА лигата, во која заедно со Веспрем се првите фаворити за освојување на титулата.

Натпреварот помеѓу македонскиот и српскиот шампион имаше доза на неизвесност само во првите 12 минути кога резултатот беше нерешен (5:5), потоа ‘црвено црните’ го подигнаа нивото на својата игра, голманот Шетрбик во серија имаше фантастични интервенции и со серија од 13:3 полувремето го завршија со двоцифрена разлика.

Вардар во второто полувреме неколку пати имаше предност од 11 гола (21:10, 23:12, 24:13, 25:14), Војводина во 50.минута стигна до негатива од шест гола (30:24), а Вардар со серија од 7:3 стави точка на мечот.

Арпад Штербик со 16 интервенции беше прва фугура на мечот, додека најефикасни кај Вардар беа левите крила Тимур Дибиров и Дејан Манасков со шест односно пет гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП