3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛопез стави крај на кариерата на Марди Фиш

Лопез стави крај на кариерата на Марди Фиш

ам-те

Американскиот тенисер Марди Фиш ја заврши својата кариера со поразот од Фелисијано Лопез во второто коло на УС Опен. Фиш загуби во пет сета со 6:2, 3:6, 6:1, 5:7, 3:6.

Фиш, кој во минатото беше седми на АТП листата, во последните две години поради психички проблеми одигра само неколку турнири, и уште пред почетокот на УС Опен најави дека тоа ќе му биде последниот турнир во кариерата.

Инаку на Фиш пред три години му беше дијагностицирана срцева аритмија, а потоа имаше сериозни срцеви проблеми, поради што еден период не смееше да излегува од својот дом.

Американецот против Лопез беше на добар пат барем уште малку да ја продолжи кариерата, имаше водство во сетови од1:0 и 2:1, во последните два сета физички падна во играта, а имаше проблеми и со грчеви во нозете.

Во текот на кариерата Марди Фиш освои шест титули, а во август 2011 година беше седми на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП