
Легендарниот кошаркар на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, најави дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.


Легендарниот кошаркар на Панатинаикос, Димитрис Дијамантидис, најави дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера.
„Ја донесов одлуката, сакам да играм уште една сезона и да ја завршам кариерата. Целта ми е да останам здрав и да му помогнам на тимот да освојува трофеи. Доколку успеам во тоа, тогаш на најдобар можен начин ќе ставам крај на кариерата“, вели Дијамантидис.
Дијамантидис кариерата ја започна во Ираклис, а во 2004-та година се пресели во Панатинаикос.
„Тоа е животот. Ќе дојдат нови играчи. Јас ќе престанам да играм, но кошарката и Панатинаикос ќе продолжат да постојат. Ништо нема да се смени. Имав многу убави моменти во кариерата и да бидам искрен не го очекував тоа“, дополни 35-годишниот кошаркар.
Дијамантидис со Панатинаикос има освоено девет титули во грчкото првенство и исто толку пати го освојувал Купот на Грција, а во Евролигата освоил три трофеи (2007, 2009, 20011). Со репрезентацијата на Грција бил европски првак (2005) и светски вицепрвак (2006).
Шест пати бил прогласуван за најдобар дефанзивец во Евролигата, а во 2011-та година бил најкорисен играч во елитното натпреварување. Дијамантидис е најдобар асистент во историјата на Евролигата.