15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДесетте најскапи трансфери на тинејџери во историјата

Десетте најскапи трансфери на тинејџери во историјата

marsijal 330

Французинот Антони Марсијал стана најскапиот тинејџер во историјата на фудбалот. Трансферот од Монако во Манчестер Јунајтед чини 36 милиони фунти.

Неверојатни суми на пари се вртат и околу младите фудбалери, а откако Антони Марсијал од Монако премина во Манчестер јунајтед за 36 милиони фунти, „Скај Спортс“ направи топ-листа на најскапите тинејџери во светот на фудбалот

На овој начин Марсијал го надмина на листата Бразилецот Лукас Моура, кој беше купен од ПСЖ за 32 милиони пред три години.

Останатите најскапи играчи кои биле купени под 20 години се: Лук Шо за 31,5 милиони фунти од Манчестер Јунајтед, Вејн Руни за 26 милиони од Манчестер Јунајтед, Хавиер Савиола за 25 милиони од Барселона, Маркињос за 22 милиони од ПСЖ, Андерсон за 22 милиони од Манчестер Јунајтед, Антонио Касано за 20 милиони од Рома, Серхио Рамос за 18,9 милиони од Реал и Серхио Агуеро за 16 милиони од Атлетико.

marsijal 332

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП