28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДимитровски си заминал од подготвките на фудбалската репрезентација

Димитровски си заминал од подготвките на фудбалската репрезентација

tre ffm

Владимир Димитровски, дефанзивецот на грчкиот тим Керкира, самоиницијативно ги напуштил подготвките на македонската репрезентација.

Димитровски без одобрување на селекторот Љубинко Друловиќ, и без притоа да го информира техничкиот менаџер на А репрезентацијата Саша Ќириќ, во три часот по полноќ ја напушти базата на националниот тим заминувајќи во друга држава. Одлуката на Владимир Димитровски е причина селекторот да не смета на него на претстојните два натпревари на македонската репрезентација.

„Не сметам на Димитровски, разочаран сум од неговото однесување. Јас сум најодговорниот во селекцијата и очекувам поинаков однос. Хиерархијата мора да се почитува, уште повеќе што сите репрезентативци имаат потпишано кодекс што смеат, а што не е дозволено кога се во А националниот тим. Димитровски ја наруши дисциплината во тимот, а за мене тоа е една од најважните работи. За вакви или слични постапки фудбалерите во останатите репрезентации добиваат драстични казни кои се рефлектираат и на клупските настапи. Не знам каква ќе биде одлуката со Димитровски, но мора на сите да им стане јасно дека ова не е начин да се добие нешто. Да побараше дозвола за што и да е, можевме да разговараме и да донесеме одлука“,изјави селекторот Љубинко Друловиќ за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

„Крајно непрофесионално и неодговорно од фудбалер на А репрезентацијата. Како луѓе кои се грижиме сé да биде во најдобар ред, репрезентативците да ги имаат најдобрите услови за подготовка, ова се постапки кои создаваат штета и не смееме да ги премолчиме. Ниту еден играч не е над репрезнтацијата и секогаш кога нема да се почитува кодексот на однесување, ние ќе реагираме. Со секој фудбалер сакаме да градиме пријателски и фер однос, но мора да има и заемно почитување. Само на тој начин ќе создадеме компактен тим, добра атмосфера и единство, а тоа е битен предуслов за добри резултати. Фудбалот е тимска игра, секогаш победува колективот, а не поеднинецот“, вели техничкиот менаџер на А репрезентацијата, Саша Ќириќ.

Во репрезентацијата на Македонија за натпреварите со Луксембург и Шпанија дополнително, стручниот штаб на селекцијата одлучи да прати повик до Владица Брдаровски од Вардар и Баже Илијоски од Работнички. Двајцата ќе се стават на располагање на тимот на вечерниот тренинг во 18.30 часот во центарот „Петар Милошевски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП