18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНаскоро производителите ќе ни плаќаат да ги користиме нивните смартфони

Наскоро производителите ќе ни плаќаат да ги користиме нивните смартфони

spari 002

Деновите кога смартфоните се продаваа за 1.000 долари, наскоро ќе станат историја, прогнозираат пазарните набљудувачи.

Во иднина големите производители ќе почнат да им плаќаат на корисниците да ги користатат нивните уреди во борбата за поголема потрошувачка база. Бенефитот за компанијата од производството на паметен телефон е помал во споредба со инсталираниот софтвер во уредот.

Производителите се повеќе сфаќаат дека профитот ќе дојде од софтверот, а не од хардверот. Во услови на времиња, кога основен уред може да биде составен за сума од околу 10 долари, а трошоците за квалитетните компоненти се намалуваат постојано, па големите играчи ќе треба да ги апсорбираат трошоците за новите модели. Во спротивно тие ќе продолжат да губат удел на пазарот за сметка на помали и флексибилни компании, сметаат експертите од изданието „The Australian“.

Тоа значи дека големите производители ќе преземат иницијативи за привлекување на нови корисници, започнувајќи со корпоративни клиенти, вклучувајќи и бесплатно раздавање на уреди.

spari 003

Компаниите кои се производители на луксузни смартфони, како „Apple“ и „Samsung“ ќе продолжат да постојат, но ќе се прифатат повеќе како традиционални, отколку како иновативни.

Овој тренд е можно да се случи на пазарите во Европа, Азија и САД во рамките на следните пет години, сметаат аналитичарите од изданието. Со загубата на вредност на смартфоните ќе бидеме сведоци на „бум“ на уредите кои комуницираат едни со други преку интернет – паметни часовници, облека, автомобили и други видови потрошувачка електроника. Тоа ќе е следното поле за битка меѓу производителите.

Не е далеку времето кога „паметна кошула“ ќе предупредува за опасноста од тоа корисникот да добие срцев удар, а притоа ќе му кажува на автомобилот да го однесе во болница. Додека автомобилот сам ќе вози кон болница, докторите ќе добиваат податоци за медицинската историја на корисникот и тековната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП