22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСрбиновски го соопшти списокот за ЕП, отпаднаа Магдевски и Јаневски

Србиновски го соопшти списокот за ЕП, отпаднаа Магдевски и Јаневски

срсрсрсррсрс

Селекторот на македонскта кошаркарска репрезентција Марјан Србиновски го соопшти списокот на репрезентативци кои ќе патуваат на Евробаскетот 2015. Селекторот реши на ЕП да не патуваатт младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски.

На ЕП кое по прв пат во историјата ќе се одржи во четири држави, Хрватска, Франција, Летонија и Германија, Македонија ќе игра со следните кошаркари:

Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски.

‘Црвено жолтите’ натпреварите на Евробаскетот ги започнуваат во сабота во 18 часот против Грција, следни ривали во групата Ц се селекциите на Холандија, домаќинот Хрватска, Грузија и Словенија.

Нашите најдобри кошаркари во четврток рано наутро со авион заминуваат за Загреб каде ќе се одигра првата фаза на Првеството. Инаку покрај селекторот Србиновски во стручниот штаб на нашиот национален тим се и тренерите Перо Блажевски и Александар Јончевски и италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП