28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖРК Вардар победи на турнирот во СЦ „Јане Сандански“

ЖРК Вардар победи на турнирот во СЦ „Јане Сандански“

zrk-var

Ракометарките на Вардар го освоија Меѓународниот турнир „Вардар 2015“, во финалето тие славеа над Ростов со 29:24 (14:14).

‘Црвено црните’ девојки и новните противнички од Ростов во првото полувреме одиграа со многу нервоза и осцилации. Двете екипи во серија постигнуваа голови и постојано се менуваа во водството.

На стартот ракометарките на Вардар поведоа со 3:1, на што Ростов возврати со иста таква серија и предност од 4:5. Без поголеми пресврти и со технички грешки на двете страни се играше се до 22.минута кога Ростов успеа да стигне до највисоката предност од 9:12.

Тај-аутот на Кастратовиќ вроди со плод и Вардар до серија од 4:0 (во која два гола од седмерец постигна Пенезиќ) ја врати предноста на своја страна (13:12).

До крајот на полувремето Вардарки постигнаа еден, а противничките два гола за резултат 14:14 по 30 минути игра.

Второто полувреме започна со по три гола на двете екипи, а потоа Вардар во 38.минута успеа да создаде предност од два гола (19:17), но Ростов успеа да се врати најпрвин израмни на 22:20, а на половина од вторито дел резултатот беше 22:22.

Вардарки предноста од два гола (24:22) ја вратија во 48.минута, кога еднаш погоди Лазовиќ во ситуација со играч помалку, а потоа и Лекиќ.

Вардар го подигна нивото на својата игра кога голманката Суслина ја ‘спушти Ролетната’ на својот гол, со неколку атрактивни интервенции да овации на отворена сцена од малубројната публика.

Суслина ја иницираше серијата со која вардар го реши победникот, руската голманка во последните десет минути од натпреварот прими само два гола.

Пенезеиќ со седум, односно Лекиќ со пет гола го предводеа тимот на Вардар до победата, додека кај Ростов најефикасни беа Бобровинко и Илина со по пет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП